Во Италија е откриена најголемата нелегална фабрика за цигари досега регистрирана во земјата, сместена во бункер под магацински простор, објавија официјални лица.
Фабриката е откриена од страна на единиците на финансиската полиција од Анкона и Фрозиноне, во истрага координирана од обвинителството во Касина, објави Анса.
Рацијата доведе до рекордна заплена на околу 300 тони цигари, неколку апсења и поднесување обвиненија за сериозен шверц.
Истрагата откри даночно затајување во износ од приближно 600 милиони евра и нелегален приход проценет на околу 130 милиони евра.
Дополнително, конфискуван е имот во вредност од 53 милиони евра.
Операцијата беше претставена како една од најголемите во борбата против шверцот со тутун во Италија.