Димитриевски до Ахмети: Се додека има Македонци, ќе ја има и Македонија

Сподели со своите пријатели

„Се додека има Македонци, ќе ја има и Македонија“, му порача вчеравечер лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски на претседателот на ДУИ Али Ахмети  по неговата изјава дека евентуалното скршнување од патот кон Европската Унија ќе предизвика граѓаните да имаат друг избор освен некои да одат со Албанија, а други со Бугарија.

– Деновиве предизборно повторно се јави уште еден политички лик кој нанесе голема штета на Македонија, на сите граѓани, а особено на Албанците им го врти умот со надолни патриотски и национални политики. Го слушам Ахмети како се расфрла со приказни за мали деца, за некакви поделби на Македонија – дека едниот дел од Куманово ќе одел во Албанија, а другиот во Бугарија. Ах, бе Ахмети, се додека има Македонци, ќе ја има и Македонија, а Македонија е тука каде што сме ние, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од 1 октомври почнува исплатата на линеарното зголемување на пензиите

Никој нема намера да побегне од Македонија, порача тој, и истакна дека единствени кои што побегна од Македонија е тимот околу Ахмети.

– Со граѓански пари се крие во белиот свет и доколку сака да биде искрен и реален треба тој да побегне од Зајас и од надвор да си ги прибере, да ги врати назад, да седнат на клупа, да одговараат, пресумпцијата на невиност ги штити доколку се невини, да се соочат со правдата, да го погледнат народот во очи и да се извинат на сите, бидејќи крадеа пари и на Албанци, и на Македонци, и на Власи, и на Турци… рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „ЗНАМ не влегува да се натпреварува, туку да победи“ – порача Димитриевски (ФОТО)

Никола Ивановски