АНКЕТА: Димитриевски и ЗНАМ со убедливо водство во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за градоначалник на ЗНАМ Максим Димитриевски и листата кандидати за советници имаат убедливо водство според анкетата која ја објави Македонската радио телевизија.

Дури 16,6 отсто од испитаниците изјавиле дека на претстојните локални избори би гласале за ЗНАМ, односно нивниот кандидат Максим Димитриевски и предложената советничка листа.

Според анкетата, со 13,4% следува ВМРО-ДПМНЕ, кои на изборите ќе го поддржат токму Димитриевски како кандидат за градоначалник, додека ќе настапат самостојно со своја советничка листа.

– Апсолутен фаворит на овие избори дефинитивно се кандидатите на Движење ЗНАМ. Почитувани граѓани на Куманово, ви благодарам за довербата што ни ја укажувате во континуитет, а ние нема да дозволиме да ја изневериме вашата доверба, оваа е само дополнителен потик уште повеќе да работиме, рече Даниел Стојчевски, претседател на Општинската организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се заканувал на скопјанец со остар предмет. Приведени двајцата.

 

 

Коалицијата на СДСМ и нивниот кандидат Мартин Костовски се трети, односно за нив рекле дека би гласале 10,6 отсто од испитаниците.

Слична доверба како СДСМ, според анкетата има и ДУИ, односно 10,4 отсто.

Коалицијата ВРЕДИ би добила 7,5% од гласовите, Левица 4,9 отсто, а независниот кандидат Горан Стојковски Диро три отсто.

Анкетата е спроведена од страна на ИПИС – Институт за политички истражувања.