ЕУ го зајакнува Европол за борба против шверцот со мигранти и трговијата со луѓе

Сподели со своите пријатели

Преговарачите на Советот и Европскиот парламент постигнаа прелиминарен договор за зајакнување на Европол со цел подобра поддршка на земјите-членки во борбата против шверцот со мигранти и трговијата со луѓе.

Посебно внимание се посветува на подобрување на размената на информации меѓу земјите-членки и Европол со цел подобрување на соработката на ниво на ЕУ, објави Советот на ЕУ, додавајќи дека прелиминарниот договор треба да биде потврден од Советот и Парламентот пред да биде формално усвоен.

Се вели дека новите правила го менуваат мандатот на агенцијата на ЕУ што им помага на националните агенции за спроведување на законот во борбата против организираниот криминал и тероризмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полска до своите граѓани: Итно напуштете ја Белорусија

Спогодбата предвидува дополнителни човечки и финансиски ресурси – 50 вработени и 50 милиони евра, за спроведување на новите задачи на Европол.

Новите правила ќе ја зајакнат обврската за размена на информации за шверцот со мигранти и трговијата со луѓе, како и основањето на Европскиот центар против шверцот со мигранти како постојана структура во рамките на Европол.

Центарот ќе обезбеди стратешка, оперативна и техничка поддршка на членките на ЕУ во спречувањето и борбата против шверцот со мигранти и трговијата со луѓе.

Центарот ќе игра улога и во идентификувањето на жртвите на трговија со луѓе или други ранливи лица.

Агенцијата за гранична контрола Фронтекс и агенцијата за соработка во кривичната правда Евроџаст, исто така, треба да испратат офицери за врска во Центарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште една тропска бура ги погоди Филипините: Четири лица загинаа

Патем, се проценува дека повеќе од 90 проценти од нелегалните мигранти кои пристигнуваат во ЕУ ги користат услугите на шверцерите, а ОН верува дека мрежите на шверцерите остваруваат годишен профит од 4,7 до 6 милијарди евра.