Свечено отворено 28. издание на фестивалот „Денови на комедија“ (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ свечено беше отворено 28. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

 

 

Беше доделена и наградата „Васил Иљоски“ на актерката Весна Петрушевска која годинава е лауреат на фестивалот. Наградата се доделува за особен придонес во театарската уметност, особено во телот на комедијата.

 

 

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Максим Димитриевски, кој истакна дека Куманово сака култура, а доказ за тоа е што за само два дена беа продадени дури 5.000 влезници за фестивалот.

 

 

Како што изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски, продолжува да се негува традицијата на фестивалот и годинава на граѓаните ќе им се понудат 11 претстави на театри од Македонија, Србија и Бугарија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девизи, алкохол, облека запленети на ГП Табановце (ФОТО)

– Се надеваме дека направивме добар избор на претстави и во овие 11 вечери публиката ќе има можност да проследи квалитетна програма. Интересот и годинава е огромен, распродадени се скоро сите претстави. Вечерва е свеченото отворање, ќе следуваат уште 10 изведби, а секако на крајот е премиерата на Театар Куманово, за чија претстава особено владее голем интерес, изјави Тодоровски.

 

 

Тој се надева дека надлежните од Министерството за култура и Општина Куманово во годините што следуваат ќе имаат повеќе средства да ја поддржат оваа манифестација, особено како се наближува нејзиниот 30ти јубилеј.

 

 

Инаку, следните денови публиката ќе може да ги види претставите од повеќе македонски театри и од театри од регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел под дејство на алкохол

 

 

Како и секоја година, Театар Куманово ќе го затвори фестивалот, овој пат со претставата „Разбуди се Тина“ во режија на Драгана Таневска, која премиерно ќе биде одиграна на 9 октомври, но и ден потоа, 10 октомври, при доделувањето на фестивалските награди.

 

 

Честа да го отвори фестивалот вчеравечер имаше велешкиот театар со комедијата „Госпоѓа министерка“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски