Театар Велес вечерва го отвора фестивалот „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес вечерва ќе го отвори 28. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Свеченото отворање ќе се одржи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со изведбата на претставата „Госпоѓа министерка“, под режија на Синиша Евтимов.

На сцената ќе настапат Зорица П. Панчиќ, Фаик Мефаиловски, Талија Настов, Симона Димковска, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Стефан Николовски, Кире Ацевски и Филип Христовски.

 

 

Во рамки на церемонијата за отварање ќе биде доделена и наградата „Васил Иљоски“, која годинава ѝ припадна на актерката Весна Петрушевска – Бејби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со огнено оружје се заканувал на сограѓанин во центарот на Куманово

Фестивалската програма предвидува 11 претстави од Македонија, Србија и Бугарија, а традиционално, фестивалот го затвора Театар Куманово, кој годинава ќе ја изведе премиерата на „Разбуди се Тина“.

Големиот интерес за настанот се потврдува и со фактот дека уште првиот ден на продажба беа купени над 1.500 билети, а поголем дел од претставите се веќе целосно распродадени.

Никола Ивановски