Европската агенција за лекови го негира Трамп: Парацетамолот е безбеден во бременоста

Сподели со своите пријатели

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека нема нови докази што би барале измени во сегашните препораки за употреба на парацетамол, познат како „Тиленол“ во САД, за време на бременост.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го поврза аутизмот со употребата на вакцини за деца и земањето популарен лек против болки и покачената температура за време на бременост, со што тврдењата што не се поткрепени со научни докази ги стави во преден план на американската здравствена политика, објавува Ројтерс.

„Достапните докази не пронајдоа врска помеѓу употребата на парацетамол за време на бременост и аутизам“, изјави ЕМА за Ројтерс, додавајќи дека парацетамолот за време на бременост може да се користи кога е потребно, но во најниски дози и фреквенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган: Хамас не е терористичка организација

Прочитајте повеќе за контроверзната изјава на Трамп во која бремените жени во САД се предупредуваат за наводната врска помеѓу употребата на парацетамол за време на бременост и почестата појава на аутизам кај децата, во посебен текст.