Дваесетгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека физички нападнал малолетник на градскиот плоштад.
– На 14.09.2025 во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Р.(20) од Куманово затоа што на Плоштад „Нова Југославија“ физички нападнал малолетник и кај него е пронајден остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски