Соединетите Американски Држави и Кина се блиску до договор за кинеската сопственост на ТикТок, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесант.
Вториот ден од разговорите во Мадрид се фокусираше на ТикТок, царините и трговските тензии меѓу двете земји.
Бесент истакна дека дури и ако не се постигне договор, тоа нема да ги загрози односите меѓу САД и Кина.
Двете страни постигнаа напредок во техничките детали, но клучните прашања остануваат предизвикувачки.
„Не можеме да ја жртвуваме националната безбедност за социјална мрежа“, рече Бесант, според Ројтерс.
Експертите очекуваат дека најверојатниот исход би бил продолжување на рокот за кинескиот сопственик на ТикТок, ByteDance, да ги продаде своите американски операции до 17 септември, за да се избегне затворање на апликацијата во САД.
Поголем договор би можел да зависи од директна средба меѓу претседателот Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг.
Разговорите се дел од серија состаноци што американските и кинеските делегации ги одржуваат од мај за решавање на трговските разлики, вклучувајќи ги царините и извозот на ретки метали.