Ѓорѓиевска: Ретко носам штикли, во патики и постојано на терен со граѓаните (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на Советот на Општина Куманово.

Денеска поднесе кандидатура за советничка листа во име на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија за претстојните локални избори.

– Покажавме дека сме дел од нашите сограѓани. Дека функцијата советник не е привилегија за нас туку напротив дека е од големо одговорност. Постојано бевме со нашите сограѓани постојано бевме на терен. Јас сум позната како претседател кој многу ретко носи штикли, напротив сум во патики и постојано на терен со граѓаните. За мене таа функција беше многу голем предизвик, се надевам дека истиот, можеби подобар успех ќе успееме да освоиме на престојните локални избори. Зад мене се советници актуелни советници кои се наоѓаат на советничка листа која ја испланиравме за овие локални избори, меѓутоа и многу нови луѓе кои се луѓе од народот, изјави Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Куманово почна да се менува и заслужува да се промени во целост (ВИДЕО)

На листата, како што потенцираше, има многу млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со политика и да учат.

– Тоа се млади луѓе кои треба да се вложат во Куманово, да си го градат Куманово на свои начини, по свои принципи и да ја сносат одговорноста за Куманово во наредниот период затоа што одлуките на советот голем број работи кои се случуваат во Куманово зависат.  Во претходниот состав имав многу коректен однос со координаторите на советнички листи, најавувам дека таквиот однос ќе остане и на овие локални избори, дека ќе водам заедно со советниците, заедно со градоначалникот, исклучително позитивна кампања, затоа што на крајот на денот само за граѓаните се работи. Да не дозволиме да ги скараме граѓаните поради политиката. Кумановци се мој приоритет, отсекогаш биле и ќе останат така и во кампањата и како советник на Совет на Општина Куманово, рече Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски и Ѓорѓиевска ги поднесоа кандидатурите (ФОТО)

 

Никола Ивановски