Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со отворање на изборни штабови во Куманово и околните населби.
Вчеравечер беше отворен изборниот штаб во населбата Панче Пешев, кој лидерот на движењето и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, го нарече „победнички“.
„Сите заедно, обединети и сплотени, одиме на голема победа во Куманово“, порача тој.
Поддршка и енергија, според Димитриевски, се почувствуваа и во населбата Зелен Рид, каде што изборниот штаб ќе биде на истата локација како и претходно.
„Победата во Куманово ќе биде уште поголема“, стои во неговото обраќање.
Паралелно со тоа, започна и отворањето на изборниот штаб во Доброшане.
„Куманово го препознава нашиот концепт на труд, дела и визија за Куманово“, истакна Димитриевски.
Завчера изборни штабови беа отворени и во населбата Јане Сандански (Бабин Дол), во 3-та МУБ и во месната заедница Тоде Мендол.
Никола Ивановски