Санер Џемаили од Куманово игра на позицијата везен фудбалер. Неговата игра будно ја следеше тренерот на ФК Горица Борис Трифунов, кој за неговиот настап имаше пофални зборови.
Екипата на Горица под негово водство минатата сезона беше најдобра во Хрватска.
Tалентираниот кумановски фудбалер Санер Џемаили беше на проба во Хрватска во младинскиот фудбалски клуб Горица.
Санер е талентиран фудбалер роден 2011 година, а во тајните на фудбалската игра влегол на 5 -годишна возраст во ФК Парк од Скопје.
Игра на позицијата везен фудбалер и на одличен начин го презентираше пред тренерот на Горица, Трифунов под чие водство екипата минатата сезона беше младински шампион на Хрватска.
Заедно со Санер во Хрватска беше и неговиот дедо Наѓип Џемаили и фудбалскиот ментор – легендата на македонскиот фудбал Столе Златановски.
Првиот чекор младиот Санер го направи во Хрватска.