Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово крај брегот на американската држава Орегон, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештајот на EMSC, епицентарот на земјотресот бил 330 километри југозападно од градот Јуџин на длабочина од 14 километри.
Досега нема извештаи за материјална штета или жртви во овој земјотрес.