Словенечката претседателка: Само САД можат да го сопрат Нетанјаху

Сподели со своите пријатели

Само САД можат да го сопрат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и хуманитарната криза во Појасот Газа, изјави денес словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.

Loading...

Словенија е европска земја која е предводник во поддршката на Палестина од почетокот на војната во Појасот Газа.

Ја призна палестинската државност, воведе ембарго за извоз на оружје во Израел и увоз на производи од нелегални населби на окупираните територии и прогласи двајца министри од крајната десница во израелската влада за „персона нон грата“.

Ден претходно, Пирц Мусар ја повика Хрватска да ја признае и Палестина, велејќи дека ова е единствената значајна одлука ако се поддржи решението за две држави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Белгија ќе ѝ се придружи на Франција во признавањето на Палестина

На панелот на Бледскиот стратешки форум денес, словенечката претседателка рече дека по правило секогаш се обидува да „види светлина на крајот од тунелот“, но дека „воопшто не е оптимист“ за Палестина.

„Како е можно да сме обединети во една војна, а нерешителни во друга?“

Пирц Мусар рече дека како адвокат е „нема“ кога гледа колку не се почитува хуманитарното право и дека САД ги санкционираат членовите на Меѓународниот кривичен суд, „важна институција што Вашингтон помогна да се изгради“, поради обвиненијата против израелските лидери.

„Соединетите Американски Држави се единствените што можат да го запрат Нетанјаху“, нагласи словенечката претседателка, а потоа праша зошто ЕУ не разговара за тоа со американската администрација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина и Русија го предизвикаа Вашингтон: Хаосот на Трамп ги направи посигурни партнери

„Како е можно да сме строги и обединети во една војна, а толку нерешителни во друга што боли“, рече таа, осврнувајќи се на руската агресија врз Украина.

Loading...

„Молчењето за Палестина ја лишува Европа од нејзиниот легитимитет“

Ден претходно, во говорот на отворањето на Стратешкиот форум во Блед, Пирц Мусар праша зошто „светот реагираше на Сребреница, но молчи за Газа“.

„Нашиот став кон Газа покажува кои сме, тоа е симбол на нашиот став кон злосторствата низ целиот свет“, рече таа вчера, предупредувајќи дека молчењето за хуманитарната катастрофа во палестинската енклава ја лишува Европа од нејзиниот легитимитет да зборува за други конфликти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро: Подготвени сме за напад, Трамп сака да го собори режимот во нашата земја