Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: Се тресеше и во Дубровник

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 25 август 2025 година, во 09:53 часот наутро, на територијата на Босна и Херцеговина.

Loading...

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал 13 километри југоисточно од Столац, а бил почувствуван и во Дубровник.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 3,5 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес ги погоди Курилските Острови