Камбоџа донесе закон за одземање на државјанство поради дослух со странци

Сподели со своите пријатели

Камбоџанските парламентарци денес усвоија закон со кој се дозволува одземање на камбоџанско државјанство на лицата обвинети за „дослух со странци“.

Мерката беше критикувана од групите за човекови права кои стравуваат дека може да се користи против политичките противници.

Точно 120 пратеници присутни во Националното собрание, вклучувајќи го и премиерот Хун Манет, едногласно го одобрија законот.

Коалиција од 50 групи за човекови права предупреди дека законот е „нејасно напишан“ и дека ќе „има катастрофален, застрашувачки ефект врз слободата на изразување на сите камбоџански граѓани“.

Законот сè уште треба да биде усвоен од горниот дом на парламентот на Камбоџа пред да биде потпишан од шефот на државата, но тоа се смета за формалност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е списокот на најмоќните луѓе во Европа во 2025 година

Организациите за човекови права редовно ја обвинуваат Камбоџа за потиснување на секое несогласување и газење на основните слободи.

Во последниве години, властите ги засилија гонењата на истакнати опозициски личности кои останале во земјата, а некои се осудени на затворски казни.