Авганистанскиот министер за одбрана Мохамед Јакуб Муџахид ги повика Русија, Соединетите Американски Држави и Кина да ги градат своите односи во таа земја преку трговија и економска соработка, а не преку конфликти и недоверба.
„Ниту Русија ниту Кина не веруваат дека Авганистан ќе дејствува против нив по налог на САД или ќе дозволи нејзината територија да се користи за такви цели. Од друга страна, ниту САД не веруваат дека Москва или Пекинг би го користеле Авганистан против нив. Затоа, ајде да тргуваме, мирно да се натпреваруваме, да градиме брани, патишта, фабрики и да инвестираме во проекти за електрична енергија“, рече Муџахид, пренесува Аму ТВ.
Тој истакна дека сите земји треба да се воздржат од „зли намери“ кон Авганистан, нагласувајќи дека земјата не негува непријателство и сака да гради добри односи со сите, но во согласност со исламскиот шеријат.
Да потсетиме дека на 10 август, властите на Талибанците побараа од Вашингтон да ја признае нивната власт и да ја врати зградата на авганистанската амбасада во САД.
Во таа прилика, портпаролот на Врховниот лидер, Забихулах Муџахид, истакна дека Русија веќе покажала разбирање и ја признала сегашната влада во Кабул, повикувајќи ги другите земји да го следат тој пример.