Израел ги одобри плановите за окупација на Газа

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ги одобри плановите за воена офанзива за градот Газа, кои му беа презентирани синоќа од началникот на Генералштабот Ејал Замир и други високи офицери.

Loading...

Тој, исто така, одобри „хуманитарни подготовки“ за околу еден милион палестински цивили кои ќе бидат раселени од градот Газа на југот од Појасот, објави „Тајмс оф Израел“.

Офанзивата беше наречена „Гидеонова кочија Б“, по претходната операција со исто име, во која израелската армија презеде над 75 проценти од територијата на Појасот Газа, со цел, како што е наведено, да се изврши притисок врз Хамас да постигне договор за заложниците, објави „Танјуг“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УНХЦР: Ризик од глад е присутен насекаде во Појасот Газа

Безбедносен извор изјави дека Кац го пофалил планот и подготовките на израелската војска за време на состанокот, кој се случи откако владата ѝ нареди на армијата да го освои градот Газа.

Израелската армија, исто така, издаде наредби за мобилизација на околу 60.000 резервисти за оваа офанзива, која беше одобрена од Кац.