Претседателите на САД, Доналд Трамп и Владимир Путин, се сретнаа вчера во Алјаска.
„Русија и Соединетите Американски Држави треба да свртат нова страница и да се вратат на соработка“, изјави рускиот претседател Владимир Путин по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Индекс.
Во својот говор во Анкориџ, Путин не се осврна конкретно на тоа како да се запре војната во Украина.
Тој изрази верување дека конфликтот немаше да се случи доколку Трамп беше во Белата куќа, нарекувајќи го својот однос со американскиот претседател бизнис-ориентиран и полн со доверба.
Путин рече дека треба да се елиминираат сите коренски причини за конфликтот во Украина, да се земат предвид легитимните загрижености на Москва и да се постигне фер распределба на безбедноста во Европа и светот.