Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето ќе има на улицата „Перо Чичо“ бр. 66 поради испитување на водоводна мрежа за прецизно лоцирање на дефект и поправка на истиот.
Поради приклучување на објект на водоводна мрежа, прекини ќе има на улицата „Перо Тошев“.
Без вода ќе бидат и жителите од улицата „15“ во населбата Јане Сандански поради испитување на водоводна мрежа за прецизно лоцирање на дефект и поправка на истиот.
Прекини ќе има и на улицата „Светозар Марковиќ“ бр. 14 поради оштетена водоводна мрежа при ископ на темел за ограда.
Поради изместување на постоечка внатрешна против-пожарна инсталација во објектот на ТППЕ Куманово прекини ќе има во близина на истиот.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски