Калас: ЕУ работи на 19. пакет санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе работи на 19-тиот пакет санкции против Русија и предупреди на опасноста од попуштање пред Москва.

Loading...

„Додека Русија не се согласи на целосно и безусловно примирје, не треба ни да разгледуваме никакви отстапки“, изјави Калас во понеделник во соопштението, според Ројтерс.

Според неа, редоследот на чекорите е важен.

„Првото безусловно примирје со силен систем за следење и непоколебливи безбедносни гаранции“, рече таа и додаде дека ЕУ ќе работи на 19-тиот пакет санкции.

Калас претходно во понеделник објави дека шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ја изразиле својата поддршка за чекорите што ги презедоа Соединетите Американски Држави што водат кон праведен мир во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Од три причини не можев да ја поддржам заедничката изјава на 26-те земји-членки на ЕУ

Во објава на социјалната мрежа X, Калас додаде дека во меѓувреме, ЕУ ќе работи на воведување дополнителни санкции против Русија, зајакнување на воената помош за Украина, како и поддршка на буџетските потреби на Киев и процесот на приклучување кон Европската унија, пренесува Танјуг.

„Трансатлантско единство, поддршка за Украина и притисок врз Русија – ова е начинот да се заврши оваа војна и да се спречи идна руска агресија во Европа“, заклучи Калас.