Кина ја гради најголемата хидроелектрана во светот, вредна 170 милијарди долари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинескиот премиер Ли Кијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроцентрала во светот, која се наоѓа на источниот крај на Тибетската висорамнина, чија вредност се проценува на околу 170 милијарди долари.

Loading...

Проектот е дел од напорите на Кина за проширување на обновливите извори на енергија и намалување на емисиите на јаглерод, објави вчера кинеската новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на Ројтерс.

Браната, која ќе се состои од пет каскадни хидроелектрични брани, ќе биде лоцирана во долниот тек на реката Јарлунг Зангбо и би можела да влијае на милиони луѓе низводно во Индија и Бангладеш.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мајкрософт на мета на хакери

Индија и Бангладеш изразија загриженост

Властите не кажаа колку луѓе ќе расели проектот во Тибет или како ќе влијае на локалниот екосистем, еден од најбогатите и најразновидните на висорамнината.

Но, според кинеските претставници, хидроенергетските проекти во Тибет нема да имаат големо влијание врз животната средина или водоснабдувањето низводно.

Сепак, Индија и Бангладеш изразија загриженост за браната, како и многу невладини организации.

Се проценува дека браната ќе има капацитет од 300 милијарди киловат часови електрична енергија годишно и се очекува да помогне во задоволувањето на локалната побарувачка за енергија во Тибет и делови од Кина.