Шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Дејвид Барнеа, пристигна во Вашингтон оваа недела во време кога Израел бара помош од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на два извори запознаени со ова прашање.
Два извори тврдат дека Барнеа му кажал на специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, дека Етиопија, Индонезија и Либија покажале подготвеност да прифатат палестински бегалци од Појасот Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
Барнеа му кажал и на Виткоф дека Вашингтон треба да им понуди „стимулации“ на тие земји за да се согласат со преселување, но како што тврдат неименувани извори, Виткоф не дал конкретен одговор на тој предлог, пренесува Танјуг.