Во случај на војна, Америка залихи од ракети за само осум дена?

Сподели со своите пријатели

Поранешниот советник на Пентагон, Даглас Мекгрегор, изјави дека САД имаат залихи од ракети за околу осум дена од можна војна, односно дека залихите на земјата се исцрпени.

Loading...

Во објава на социјалната мрежа „X“, тој го повика Вашингтон да престане да снабдува оружје со други земји.

„Многу сигурни извори ми кажаа дека ќе имаме ракети, за одбрана и напад, за осум дена… односно, можеме да одиме во војна осум дена, а потоа би биле принудени да користиме нуклеарно оружје“, напиша тој.

Поранешниот советник на Пентагон повика американскиот претседател Доналд Трамп да биде информиран за ова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е хронична венска инсуфициенција, нарушување кое му беше дијагностицирано на Доналд Трамп?

„Не верувам дека го информирале Трамп за тоа. Тој мора да знае колку ни се залихите“, рече Мекгрегор, пренесува Спутник.

На почетокот на јули, весникот „Гардијан“ објави, повикувајќи се на свои извори, дека САД имаат само 25 проценти од пресретнувачките ракети „Патриот“ од бројот потребен за сите планови на Пентагон.