Поплави во Тексас: Најмалку 129 лица загинаа, 166 се водат како исчезнати

Сподели со своите пријатели

Најмалку 129 лица загинаа во поплавите што ги погодија ридовите во Тексас, соопштија локалните власти.

Loading...

Округот Кер беше најтешко погоден, со најмалку 103 смртни случаи, вклучувајќи 36 деца, според ABC News.

Поради обемот на катастрофата, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша прогласување вонредна состојба за погоденото подрачје, а Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) беше распоредена на терен.

Операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек.

Според најновите податоци, 166 лица се водат како исчезнати, а властите предупредуваат дека бројот на жртвите може да продолжи да расте.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп му го сврте грбот на Путин: Колку долго ќе трае ова?

Метеоролозите најавуваат можност за нови врнежи во наредните денови, што би можело да ги отежне операциите за спасување.

Трамп вчера за време на посетата на областите во Тексас изјави дека никогаш не видел нешто слично и им се заблагодари на службите за итни случаи и на локалните жители за нивниот ангажман.

Трамп, кој го посети погоденото подрачје во придружба на првата дама на САД Меланија Трамп, рече дека службите за итни случаи завршиле „неверојатна работа“ и дека тој ги смета за херои и хероини поради тоа, објави Си-Ен-Ен.

Loading...

Зборувајќи во Кервил, Тексас, Трамп рече дека тој и неговата сопруга се сретнале со семејства во поплавените подрачја кои ги загубиле децата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бела куќа: Трамп е Супермен

Тој, исто така, изрази сочувство до семејствата на жртвите во Камп Мистик, пренесува Танјуг.