Голема штета предизвика пожарот во кумановско „Палестина“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Црнила останаа по вчерашниот голем пожар што избувна во Горно и Долно Којнаре, а најмногу настрада месноста Палестина.

Loading...

Пожарот освен ниви и сува трева, зафатил и механизација, помошни простории и приватен имот.

 

 

Како што раскажува Драган Трајковски чијшто дом буквално бил опколен од огнената стихија, глетката била страотна, а изгорел имотот на неговите деца кои живеат веднаш до него.

– Првиот бран оган не делуваше страшно, но кога дојде вториот, мојата, куќата на ќерка ми многу им уништи. На средната ќерка ѝ е причинета штета сигурно околу 10.000 евра. Реновираа куќа па се изнесоа од неа тука. Јас не попуштив, држев околу мојот дом, сите ме влечеа, но каде да одам кога куќата ми е тука. Гасев колку можам, да не се запалат и бандерите, но во целина, моите деца малку настрадаа, вели Трајковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Температурите во благ пораст

 

Loading...

 

Како што додава, кога веќе се запалил имотот на неговите деца, стигнало противпожарно возило, па повикале уште едно, а пристигнала и цистерна со вода.

– Гасеа луѓето колку можеа, но кога се запали, имаше многу работи тука, целата куќа ја реновираа во Пуковско, се е извадено и тука е ставено, кога се запали, нема гаснење. И гориво имаше за земјоделски машини и кога тоа се запали беше страшно, голем пламен сигурно три метри во височина, раскажува тој.

 

 

Вели дека дополнителен проблем е што била изгасната струјата, а кога немаат струја нема ниту вода. Травата во околина, додава, беше сува и голема, што било дополнителен проблем.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица од Куманово затекнати како палат кабли, полицијата ги приведе (ФОТО)

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски