Ова село се нарекува „Ромско Монако“: Го красат неверојатни палати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Палатите украсени со високи мермерни столбови, кули и покриви не се ретка глетка во внатрешноста на Романија.

Loading...

 

 

Најчесто можете да ги видите во богатите ромски села, а почнале да никнуваат во 90-тите по падот на комунизмот.

Вакви згради има стотици низ територијата на Романија, а нивните сопственици често се натпреваруваат во висина, поточно со додавање нови катови.

Фасадите често се украсени со симболи на долар или мерцедес, бидејќи се смета дека тие го отелотворуваат богатството.

Едно од најпознатите села Бузеску, наречено и „ромско Монако“, се наоѓа на стотина километри јужно од Букурешт.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Русите ставале теписи и на ѕидовите? (ВИДЕО)

Многу сопственици таму тврдат дека ги заработиле своите пари во странство, или со продажба на отпад или откако комунистите им вратиле дел од конфискуваното злато на Ромите.

Бузеску има околу 4.000 жители, а главната улица е украсена со неверојатни палати кои туристите обожаваат да ги фотографираат.

Сопствениците на објектите често живеат во една или две соби, додека големите сали украсени со мермер и злато ги резервираат за свечени пригоди. Покрај тоа, многумина изгледаат напуштени или недовршени.