Полската авијација во готовност поради руски напади

Сподели со своите пријатели

Полските и сојузничките воени авиони беа ставени во готовност рано утрово за да се обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна воздушни напади во западна Украина, во близина на границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Loading...

Откако украинските воздухопловни сили предупредија за руски воздушни напади во 2:15 часот по централноевропско време, беше прогласена опасност од руски воздушни напади во поголемиот дел од западна Украина, објави „Ројтерс“.

„Поради интензивните воздушни напади на Руската Федерација на територијата на Украина, активноста на полските и сојузничките авиони во полскиот воздушен простор започна во раните утрински часови“, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на мрежата X и потврди дека се активирани „сите расположиви сили и средства“, вклучувајќи ги и дежурните борбени авиони и системите за противвоздушна одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Русите ставале теписи и на ѕидовите? (ВИДЕО)

Русија лансираше рекордни 728 беспилотни летала и 13 ракети, објавија денес украинските воздухопловни сили, а украинските системи соборија 718 беспилотни летала и седум ракети, објави „24Седам“.