Кина: Обилни дождови во покраината Сечуан, пет лица се водат како исчезнати

Сподели со своите пријатели

Свлечиште предизвикано од дожд утрово затрупа куќа во селото Шижуанг во округот Сјујонг во покраината Сечуан во југозападна Кина, а пет лица се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Loading...

Обилни дождови го погодија општината Џенгдонг, округот Сјујонг, а локалните власти соопштија дека 24 лица што живеат во близина на свлечиштето се евакуирани, објави Синхуа.

Во меѓувреме, соседната општина Чонгкинг исто така беше погодена од екстремно обилни дождови, што предизвика евакуација на повеќе од 550 жители, но досега нема жртви или исчезнати лица.

Кинеското Министерство за водни ресурси денес активираше итен одговор од ниво четврто поради поплавите во покраината Гуангдонг во јужна Кина и последиците од тајфунот Данас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските индекси во пораст, нафтата скокна на 70 долари за барел, цените на златото паднаа

Во соопштението на Министерството се предупредува дека од среда до петок, Гуангдонг ќе биде погоден од екстремни дождови што ќе предизвикаат значително зголемување на нивото на водата во локалните реки.

Министерството ги повика локалните служби внимателно да ги следат временските промени и соодветно да ги применуваат мерките за контрола на поплавите за проектите за водоснабдување, пренесува Танјуг.

 

Loading...