Слоница уби две туристки на сафари во Замбија

Сподели со своите пријатели

Две жени починаа во Замбија во четврток откако беа нападнати од слон за време на сафари во национален парк, соопшти полицијата.

Loading...

Полицискиот комесар на Источната покраина, Робертсон Мвимба, изјави дека жртвите се 68-годишната Истон Џенет Тејлор од Обединетото Кралство и 67-годишната Алисон Џин Тејлор од Нов Зеланд.

Тие биле нападнати од слоница со младенче.

Водичите за сафари кои ја придружувале групата се обиделе да го спречат нападот пукајќи во животното.

Слонот бил ранет, но тоа не го спречило нејзиниот напад, па двете жени починале на лице место, рече Мвимба.

Трагедијата се случила во Националниот парк Јужна Луангва, на истокот од земјата, на околу 600 километри од главниот град Лусака.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По повеќе од 100 години, Французите ќе можа да се капат во Сена

Слониците се познати по нивното силно заштитничко однесување кон своите млади и можат да станат исклучително агресивни ако се чувствуваат загрозени.

Минатата година, две американски туристки загинаа во одделни инциденти со слонови во различни делови на Замбија.

Loading...

Тие исто така биле постари лица и биле во возила за сафари кога биле нападнати.