Неколку лица се ранети во пукотница во Чикаго, соопшти полицијата, а деталите за инцидентот сè уште не се познати.
Loading...
Портпаролот на полициската управа во Чикаго, Хулио Гарсија, изјави дека дополнителни информации ќе бидат објавени штом ќе станат достапни, но не го прецизираше бројот на повредени или точната локација на инцидентот, објави Ројтерс.
Портпаролот на болницата „Нортвестерн Медисин“, Крис Кинг, потврди дека одделот за итни случаи ја проценува состојбата на неколку повредени лица, но не можеше да го прецизира точниот број на лица примени на лекување или нивната моментална медицинска состојба.