Едно лице е повредено во шумскиот пожар кој од вчера беснее во атарот на селото Длабочица во Општина Старо Нагоричане.
Како што информираше Кире Михаилов, заменик генералниот директорот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, едно лице утринава е повредено.
– За жал, во овој пожар во Кумановско утрово имаме повредено и една колешка која е пренесена во општата болница Куманово. Ова е четврта повреда на наш колега во борбата со огнените стихии, информираше Михаилов.
Во селото гори борова и букова шума, а според снимките кои ги објавивме претходно, гаснењето го отежнува густиот чад.
Нема информации колкава површина е зафатена, но според Според Регионалниот центар за управување со кризи, на терен се петмина вработени во Шумско стопанство, осуммина пожарникари од Старо Нагоричанe, како и пет пожарникари од ТППЕ Ранаковце.
Никола Ивановски