Голем пожар во Длабочица, гори мешана и борова шума (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мешана и борова шума гори во атарот на селото Длабочица во општината Старо Нагоричане од вчера, информираат надлежните.

Loading...

 

 

Според Регионалниот центар за управување со кризи, на терен се петмина вработени во Шумско стопанство, осуммина пожарникари од Старо Нагоричанe, како и пет пожарникари од ТППЕ Ранаковце.

 

 

Loading...

– Пожарот избувна после 13 часот. На терен бевме осум пожарникари и две противпожарни возила, на помош дојдоа колегите од ТППЕ од Ранковце со две противпожарни возила и четворица пожарникари и вработени од „Национални Шуми“. Дежураме и гасневме осум пожарникари и сè уште работиме. Утринава пак продолживме, тука се и екипи од кумановската подружница на национални шуми, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За шест часа 169 казни за возачите во Куманово и Тетово

 

 

Според последните информации утринава пожарот е се уште активен.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски / фото: ТППЕ Старо Нагоричане