Loading...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го нарече бомбардирањето на Иран што го започна Израел на 13 јуни „голема грешка“ и „голем злостор“.
Ционистичкиот непријател направи тешка грешка, тежок злостор; мора да биде казнет и ние го правиме тоа, го правиме тоа сега, рече Хамнеи во својата прва изјава на социјалните мрежи по нападите на САД врз Иран.
Соопштението беше придружено со фотографија од череп со Давидова ѕвезда зад која се наоѓаат ракети и горечки згради, објави Ал Џезира.
Израелскиот премиер Бенјамин Неранџаху изјави во неделата дека Тел Авив е блиску до постигнување на своите цели во Иран, имено, како што изјави, отстранување на заканите од балистичките ракети и нуклеарната програма.