Најмалку пет лица загинаа, а околу 20 беа ранети во синоќешниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз главниот град Киев и неговата околина, објавија украинските власти.
Беспилотни летала и ракети рано утрово погодија станбени области, болници и спортска инфраструктура во неколку населби низ Киев, соопштија пожарникарите и другите служби за итни случаи.
Најголема штета е предизвикана во западната населба Шевченкивски, каде што е срушен дел од петкатна станбена зграда.
Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко напиша на Телеграм дека четири лица загинале во нападот и дека спасувачите им помогнале на најмалку десет ранети лица.
Пожарникарите и другите спасувачки екипи се обидуваат да извлечат луѓе од урнатините на делумно срушена станбена зграда.
Едно лице загина во нападите врз Била Црква, место на околу 85 километри јужно од Киев, кога десетици луѓе беа ранети, додаде министерот.
Ова се случи помалку од една недела по рускиот напад врз Украина минатиот вторник кога 28 лица загинаа во Киев, од кои 23 во станбена зграда што беше директно погодена од ракета.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече тој напад еден од најголемите во војната што започна во февруари 2022 година.