Голема воена парада денес во Вашингтон, најавени протести низ целите САД

Loading...
Сподели со своите пријатели

Денес во Вашингтон се одржува голема воена парада по повод 250-годишнината од американската армија, а настанот се совпаѓа со 79-тиот роденден на претседателот Доналд Трамп.

Организаторите очекуваат присуство на околу 200.000 граѓани, а настанот се одвива со строги безбедносни мерки, објавија локалните медиуми, додавајќи дека истовремено се најавени бројни протести против политиките на Трамп низ целите Соединети Американски Држави.

Мет Меккул од Тајната служба на округот Колумбија изјави дека се очекува огромна посетеност на парадата, истакнувајќи дека ќе бидат поставени повеќе од 18 километери ограда и дека бројни дронови ќе летаат над градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Нуклеарните преговори со САД сега се бесмислени

175 детектори за метал ќе бидат распоредени на контролните пунктови, а локалните и федералните безбедносни сили тесно соработуваат поради високиот ризик што го носи парадата, како што е инаугурацијата на претседателот.

Шефицата на градската полиција, Памела Смит, предупреди на сериозни сообраќајни метежи и препорача граѓаните да го користат метрото и да пристигнат рано.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) објави дека вечерва од 18:00 до 21:30 часот по локално време, сите комерцијални летови ќе бидат привремено суспендирани на аеродромот Роналд Реган, кој се наоѓа во непосредна близина на Вашингтон, поради проширување на Зоната за специјални правила за летање.

На парадата учествуваат околу 6.500 војници, 150 воени возила и 50 авиони, вклучувајќи хеликоптери „Апачи“, „Блек Хок“ и „Чинук“, како и историски авиони од Втората светска војна, како што се бомбардерот Б-25 и ловецот П-51 Мустанг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку заработи Трамп во 2024 година? Највисок приход од криптовалути и голф клубови!

Паралелно со парадата, беа најавени масовни протести низ САД

Според CNN, милиони Американци планираат да го изразат своето несогласување со политиките на Трамп во кампањата наречена „Без кралеви“.

Loading...

Најавени се повеќе од 2.000 протести во сите 50 федерални држави, а организаторите велат дека нивната цел е да го отфрлат „авторитаризмот, политиката на фаворизирање на милијардерите и милитаризацијата на американската демократија“.

Мобилизацијата, како што е наведено, е директен одговор на воената парада иницирана од Трамп.