Спортскиот аеродром Аџитепе ќе биде центарот на забавата во Куманово и Македонија на 13ти и 14ти јуни кога ќе се одржи „Мото рок фест“.
Организаторите Мото клуб „Мечки“ велат дека подготовките се при крај и се надеваат на уште едно успешно издание кое ќе го урне секој досегашен рекорд за посетеност.
Фестивалите ќе имаат целодневни програми и за деца и за возрасни, а кулминациите на забавите ќе бидат во вечерните часови со настапи на музички бендови од регионот, но за прв пат и од Америка.
На првата фестивалска вечер која започнува на 13 јуни ќе настапат македонските бендови „Лектира“ и „Паркети“, по нив американскиот „The Hooten Hallers“ и на крај популарниот кумановски бенд „The Solution“.
Втората фестивалска вечер, во сабота на 14ти јуни ќе настапат македонските „Overload“, „Riff band“ од Србија, „Стрингси“ од Босна и Херцеговина, по што ќе следуваат српските „Деца из воде ЕКВ“ и Срѓан Жика Тодоровиќ.
За тоа како течат подготовките, каква интересна програма приредија кумановските моторџии дознајте повеќе во видео разговорот во продолжение:
Никола Ивановски