Кога пчелите би исчезнале, луѓето би изумреле за четири години! Еве како да ги сочуваме!

Сподели со своите пријатели

Светскиот ден на пчелите, кој секоја година се одбележува на 20 мај, е потсетник за незаменливата улога што овие мали, но моќни инсекти ја играат во одржувањето на еко-системската рамнотежа и обезбедувањето храна за човештвото.

Loading...

Британскиот природен научник Дејвид Атенборо сподели еден многу необичен, но всушност многу корисен совет за сите што сакаат да ја зачуваат природата, а тоа треба да биде целта на сите.

Со оглед на тоа што живееме во свет каде храната се повеќе се третира со разни хемикалии и пестициди, треба да го зачуваме она малку природа што ни останува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Извршена првата успешна трансплантација на бешика во светот: Нова надеж за болните!

 

brown and black wasp on yellow surface
Photo by Shelby Cohron/Unsplash

 

Дали знаевте дека една третина од храната што ја јадеме ја опрашуваат пчелите и дека тие всушност се одговорни за исхрана на 90 проценти од светската популација?

Затоа овој натуралист советува дека има лажица шеќер во секој двор за пчелите да можат да се хранат и да добијат енергија за да се вратат во кошницата.

Имено, пчелите често знаат да бидат уморни, па затоа немаат сила да се вратат во кошницата заради патеката што ја поминале.

Loading...

Доколку пчелите исчезнат од нашиот еколошки систем, човештвото би имало сериозен проблем, но за жал тоа го правиме секој ден со употреба на пестициди, но истребувањето на пчелите е исто така последица на урбанизацијата и климатските промени, што драстично го намалува бројот на пчели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мозокот на малите животни може да помогне во развојот на вештачката интелигенција

 

black and yellow bee on white surface
Photo by leandro fregoni/Unsplash

 

„Ако пчелите исчезнат од планетата, луѓето ќе имаат уште само четири години“, рече Атенборо во една прилика, пренесува Мирор.

Затоа, ако не сакате тоа да се случи и ако ги видите овие инсекти во вашата градина, измешајте лажица шеќер со лажица вода и оставете ги на видливо место.

Мешавината на шеќер и вода ќе ги рехидрира и ќе им даде потребна енергија за да продолжат со нивната витална работа за секого.