Бразилскиот претседател Луиз Игнасио Лула да Силва изјави дека лично ќе го покани рускиот претседател Владимир Путин на средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Турција за преговори за евентуален крај на војната во Украина.
Лула на прес-конференција за време на неговата посета на Пекинг, пред планираната посета на Москва на враќање во Бразил, изјави дека ќе се обиде лично да разговара за тоа со Путин, пренесува Фигаро.
„Не ме чини ништо да му кажам: Еј, другар Путин, оди во Истанбул да преговараш, за име на Бога“, додаде бразилскиот претседател.
Украина и Русија би можеле да се сретнат утре во Турција на директни разговори, што би било првпат Киев и Москва да одржат вакви разговори од пролетта 2022 година, според францускиот весник.
Кремљ сè уште не прецизираше дали Путин ќе присуствува на разговорите, само посочи дека ќе биде присутна руска делегација.