Концерт на Дарко Тодоровски во петок во Занаетчискиот дом

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот оперски пејач Дарко Тодоровски во петок со почеток од 20 часот ќе одржи концерт во Занаетчискиот дом под насловот „Ехото на Македонија“.

Loading...

Тодоровски заедно во пијано придружба на Јован Цветковиќ ќе приредат музичка вечер со македонски евергрини и народни песни.

– Оддамна ја чувствував потребата – внатрешна, длабока, речиси како животна неопходност – да запеам нешто македонско. Иако тоа не беше планирано, на мојот последен концерт спонтано реков дека многу би сакал следниот да биде посветен токму на македонските народни песни и евергрини. Од публиката добив огромни овации. Тоа беше мојот знак. Знакот дека мора да го направам тоа, вели Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување

Вели дека Цветковиќ веднаш ја прифатил идејата за заеднички концерт, а за концертот вели дека ќе ги спои традицијата, џезот и македонскиот музички дух.

– Мојот долгогодишен соработник и пијанист, Јован, многу храбро ја прифати мојата покана да го направиме концертот заедно. Тој е џез пијанист со исклучително музичко образование и вкус, и токму неговите вештини беа совршени за аранжманите што ги замислував. Заедно создадовме концерт кој на едно место ги спојува традицијата, џезот, модерното чувство и македонскиот музички дух, додава Тодоровски.

Настанот е во организација со поддршка на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, а влезот за сите заинтересирани граѓани е слободен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доделени договори на здруженија од областа на здравствена и социјална заштита

Никола Ивановски