Кумановецот Глигор Максимовски со изложба во Белград

Сподели со своите пријатели

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово заедно со својот Фото Клуб „МОТУС“ во период од 29 април (вторник) 2025, во просториите на Атеље и Галерија „Чубрило“ – Кула Гардош во Земун, Белград, ќе ја организира самостојната изложба на уметничка фотографија „Illusion of human existance” на својот член Глигор Максимовски.

Loading...

Глигор Максимовски е роден 1990 година во Куманово, Република Северна Македонија, каде и ден денеска работи и твори. Од 1999 година негов главен интерес и преокупација е уметничката фотографгијата.

До сега има учествувано на преку 300 групни изложби на уметничка фотографија, организирани во над 30 земји, на кои има освоено вкупно 60 награди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тениски фестивал за деца се одржа во Куманово (ФОТО)

За своите уметнички достигнувања се има стекнато со титула ФА1 на Фото Сојуз на Македнинија во кој членува од 2009 година и АFIAP во светската организација FIAP.

Во 2018 година ја има својата прва самостојна изложба „Три погледи“ во Градската библиотека во Бор и во Радов Бегов Конак во Зајачар, Република Србија.

Глигор Максимовски бил член во меѓународни жирија на неколку меѓународни салони во Република Србија, Република Северна Македнонија, Босна и Хрецеговина и Хрватска, а во 2020 година бил и член на жирито на фестивалот за каток филм „ФИЛММАЈ“ Куманово.

На изложбата ќе бидат изложени вкупно 35 фотографии на тема луѓе во црно бела техника.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  19-годишна кумановка нападната од вонбрачниот сопруг

Изложбата ќе биде отворена на 29 (вторник) април 2025 во 19 часот во просториите на Атеље и Галерија „Чубрило“-Кула Гардош во Земун, Белград Република Србија.

Loading...