Кој доаѓа на погребот на папата Франциско?

Сподели со своите пријатели

Светски државници најавуваат присуство на погребот на папата Франциско, а американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Вистина објави дека планира да отпатува во Ватикан со сопругата Меланија на погребот на папата Франциско.

Loading...

„Јас и Меланија ќе присуствуваме на погребот на папата Франциско во Рим. Со нетрпение очекуваме да бидеме таму“, рекол Трамп, а пренесува лондонски Гардијан.

Францускиот претседател Емануел Макрон зборуваше од француската прекуморска територија на островот Реунион во Индискиот Океан, каде што е во посета и потврди дека ќе присуствува на погребот.

„Ќе присуствуваме на погребот на папата, како што е соодветно“, рече Макрон, говорејќи пред новинарите во Сен Дени де ла Реунион.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вака се избира нов папа: Тајниот обред е полн со прецизни процедури кои мора да се следат!

Според лондонскиот весник, на погребот на папата Франциско треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Списокот на светски лидери кои планираат да дојдат во Рим се очекува рапидно да расте во наредните денови, што потенцијално ќе отвори простор за состаноци на маргините на погребот на папата Франциско.