Дваесет и шестгодишник од Куманово бил приведен завчера по пријава дека пукал од пушка во населено место.
Loading...
– На 16.04.2025 во 06.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од С.М.(26) од Куманово одзеле воздушна пушка калибар 4.5 мм, постапувајќи по претходна пријава дека со пушката пукал во населено место, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против С.М. ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски