Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Сподели со своите пријатели

Лидерот на израелската Партија за национално единство, Бени Ганц, повика на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки, по информациите дека Израел претходно се откажал од таков план, откако американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил во корист на дипломатијата.

Loading...

„Иранскиот режим е експерт за одолговлекување. Државата Израел мора и може да ја отстрани заканата од нуклеарните капацитети на Иран“, рече Ганц на англиски преку социјалните мрежи, објави „Тајмс оф Израел“.

Во хебрејската верзија на пораката, Ганц експлицитно изјави дека „Израел мора и може да изврши напад врз Иран“, пренесува Танјуг.

„Во тесна координација со нашиот голем сојузник, Соединетите Американски Држави, време е да се промени Блискиот Исток“, додаде Ганц.