Сијарто: ЕУ и Африка имаат заеднички интерес за успехот на мировните напори на Трамп

Сподели со своите пријатели

Европа и Африка имаат заеднички интерес за успехот на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на војната во Украина што е можно поскоро, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, додавајќи дека „европските политичари треба да престанат да ги поткопуваат тие напори“.

Loading...

На заедничката прес-конференција со мароканскиот министер за надворешни работи Насер Бурита, Сијарто рече дека и Африка е меѓу „губитниците во војната во Украина“, бидејќи галопирачката инфлација е сериозен предизвик и за Африка и за Европа, пренесува агенцијата МТИ.

„Сметаме дека е за жалење што значителен број европски политичари ќе инсистираат на продолжување на војната и ќе го поткопа патот кон мирот, што е спротивно на интересите на луѓето и во Европа и во Африка“, рече Сијарто и ги повика европските политичари да не ги попречуваат мировните напори.

Сијарто порача дека Европа треба да соработува со стабилни и економски силни африкански земји како Мароко, пренесува Танјуг.

„Мароко беше најголемиот африкански партнер на Унгарија минатата година, со билатерален трговски промет од 400 милиони долари“, рече Сијарто.