Работилница за деца „Недовршена приказна“ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утре со почеток во 11 часот ќе се одржи работилница за деца „Недовршена приказна“ под раководство на авторката Бистра Георгиева и илустраторката Катерина Николовска.

Loading...

Работилницата е дел од Годишната литературна програма на Центарот за култура, поддржана од Министерство за култура и туризам.

Бистра Георгиева е автор на повеќе наградувани сликовници. Нејзината сликовница „Џиновска продавница за фантазии“, илустрирана од шпанската илустраторка Моника Каретеро, е добитник на наградата за најдобра книга за деца и млади и преведена и издадена на шпански јазик.

Таа е автор на десет сликовници од серијалот „Стела и Сани“. За својата работа е добитник на повеќе други награди, вклучувајќи: трето место за најдобра книга за деца за „Мистериозниот остров“ (МАИ, 2022), прво место за најдобра книга за деца за „Седумте Некоиси и седумте македонски композитори“ (МАИ, 2023) и трето место за најкреативно издание.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово на вториот владин повик ќе аплицира со 11 проекти

Катерина Тери Николовска е графички дизајнер и илустратор на повеќе дела меѓу кои: сликовниците „Волшебната комета“, „Шарената куќа“ и „Орелот Оли“ , дел од серијалот сликовници „Стела и Сани“, едицијата од четири сликовници „Бајки од Македонија“ . За сликовницата „Тигар на улица“ со нејзини илустрации таа по вторпат се најде во White ravens, каталог на 200 најдобри книги за деца и млади од целиот свет за 2023 година.

Работилницата е наменета за деца од четврто и петто одделение.