Снег ја парализираше Анкара среде април, училиштата затворени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силен снег утринава паѓа во главниот град на Турција.

Loading...

Турскиот новинар Рагип Сојлу објави видео од Анкара со натпис: „Во Анкара врне снег во средината на април“.

Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, вчера најави дека сите образовни институции во турската престолнина денеска ќе бидат затворени поради очекуваните временски услови.

Според неговата објава, прогнозите укажуваат дека снегот ќе почне да паѓа во раните утрински часови и ќе продолжи до пладне, со можни акумулации и до 15 сантиметри во некои делови од градот.

Најавени се и удари на ветер од 40 до 60 километри на час, пренесува Нет.хр.

„За да ги заштитиме нашите деца од можни неповолни услови, беше одлучено да се прекине наставата во сите јавни и приватни образовни институции, како и во сите образовни центри кои се под надлежност на нашиот гувернер“, рече Шахин.

 

Loading...