Горат 100 хектари шума во Италија, 400 пожарникари на терен

Сподели со своите пријатели

Шумскиот пожар што избувна над Прато ало Стелвио во долината Веноста се уште не е под контрола, а пожарот досега зафатил околу 100 хектари шума, соопштија локалните власти.

Loading...

Од вчера на терен се распоредени повеќе од 400 пожарникари.

Исклучувањето дополнително ја отежнува испораката на вода, која мора да се транспортира од далечни локации.

Во гаснењето учествуваат пет противпожарни хеликоптери, кои изутринава продолжија со воздушни операции.

Поради густиот облак од чад, властите издадоа предупредување до жителите на Стелвио, Трафои и Прато ало Стелвио.

На граѓаните им се препорачува да ги држат затворени прозорците и вратите и да ги исклучат системите за вентилација.