Во Германија, главниот уредник на порталот „Дојчландскурир“ Дејвид Бенделс е осуден на условна казна од седум месеци поради објавување на фотомонтажа на германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер.
Окружниот суд во Бамберг го осуди Бенделс на седум месеци затвор – условно, пренесува „Тагесшпигел“.
„Дојчландкурир“ со фотомонтажа на социјалните мрежи ја исмеа германската министерка за внатрешни работи.
На фотомонтажата Фезер е прикажана со транспарент пред телото на кој пишува „Ја мразам слободата на говорот“.
Според судот, од ова се добило впечаток дека се работи за цитат од самата Фезер, а било констатирано дека не е очигледно дека се работи за сатиричен пост.
Поради ова, Бенделс беше осуден во Бамберг на седум месеци затвор, условно, за клевета против политички личности.
Мора и писмено да ѝ се извини на министерката.
Бенделс најави дека има намера да поднесе жалба на пресудата.
„Нема да ја прифатиме оваа пресуда и ќе се браниме од неа со сите правни средства што ни стојат на располагање“, порача тој преку социјалните мрежи.