Австралискиот премиер планира наскоро да распише избори

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Ентони Албанезe денеска изјави дека планира „наскоро“ да распише избори.

Loading...

Тригодишниот мандат на владата значи дека Австралија мора да одржи избори најдоцна до 17 мај, а анкетите покажуваат неизвесна трка во која опозициската либерално-национална коалиција има мала предност во однос на владејачката Лабуристичка партија, објави Ројтерс.

„Изборите ќе бидат во мај, тоа можам да ви го гарантирам“.

Локалните медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, известуваат дека Албанезе утре ќе го посети генералниот гувернер во Канбера за официјално да ги распише изборите, а националното гласање ќе се одржи на 3-ти мај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма во Исланд: Еруптираше вулканска магма кај Рејкјавик

Владата во вторникот го претстави новиот пакет даночни олеснувања во вредност од 10,7 милијарди долари, кој ќе го намали просечниот данок на работниците за 268 долари во фискалната 2027 година и за 536 долари следната година.

Законот вчера наутро беше изгласан во Претставничкиот дом, а доцна вечерта во Сенатот, каде лабуристите немаат мнозинство, со поддршка на Партијата на зелените и независните пратеници, пренесува Танјуг.

Опозициската коалиција најави дека ќе го укине законот доколку победи на изборите, заменувајќи го со план за намалување на акцизите на горивото за една година.

Водачот на опозицијата Питер Датон рече дека таквата мерка ќе донесе „вистинско и итно олеснување“ за домаќинствата, заштедувајќи им околу 470 долари годишно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто се урна само една зграда во Бангкок за време на земјотресот? Облакодер кој го градеа Кинезите!

Австралискиот благајник Џим Чалмерс го критикуваше планот на опозицијата, тврдејќи дека на Австралијците ќе им биде полошо на долг рок.

Loading...

„Оваа одлука ќе ги прогонува секој ден од изборната кампања“, изјави Чалмерс за новинарите.